Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари на кои ќе смета за подготвителните натпревари против репрезентацијата на Србија. Шанса ќе добијат млади ракометари и играчи кои не добиваа шанса на претходните натпревари за Македонија.
На скратениот список се најдоа неколку играчи од редовите на Вардар. Се работи за Mарко Кизиќ, Стефан Атанасовски, Томислав Јагуриновски и Марко Мишевски.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 16.јуни, додека натпреварите со Србија ќе бидат одиграни на 19 и 20.јуни.