Во реприза на минатогодишното финале на турнирот “Кањижа куп“ , повторно ќе се сретнат екипите на Вардар и Пик Сегед. Истиве тимови играа во финалето минатата година, кога поуспешен беше Унгарскиот преставник. Двата тима до финалето дојдоа со две победи во своите групи. Црвено-црните најпрво беа поуспешни од Партизан, а вчера својот пласман во финалето го потврдија со победа против Горење Велење(30:24). Унгарскиот вицешампион исто така без поголеми проблеми во групата успеаа да ја совлада репрезентацијата на Саудиска Арабија и екипата на Нексе (28:22).
Во преодниот рок, Пик Сегед се засили со: Банче Банхиди, Марко Чурувлија и Тиагус Петрус. Единствено кој си замина е Атла Вадкерти. Се работи за искусна екипа составена од неколку интернационалци, најголема опасност доаѓа од крилните позиции преку Калман и Парондо, како и од бекот Деан Бомбач. ТГренер е искусниот шпански стратег Пастор. Не очекува интересен натпревар, за кој би требало да постои и линк за гледање. Истиот ќе започне во 19 часот. Добро ќе биде да се види нашиот шампион како функционира со новите засилувања.