Денес, кадетската ракометна репрезентација го игра финалниот натпревар на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Противник за момците на Раде Стојановиќ ќе биде репрезентацијата на Швајцарија. Вчера, Македонија во рамките на полуфиналето убедливо го победи Луксембург со резултат 32:22.
Вардаровите играчи, Александар Стојменов и Марио Стојановски, се најдоа во составот за денешното големо финале против Швајцарија.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра во „Олимписки центар“ во Рига од 16:00 часот, а ќе го судат Естонците Харгин и Макеев.