Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познат составот на Европскиот шампион за денешниот дуел
Познат составот на Европскиот шампион за денешниот дуел

Познат составот на Европскиот шампион за денешниот дуел

Пред преполна арена во С.Ц Јане Сандански, денес Европскиот шампион ќе го одигра првиот меч пред своите навивачи во новата сезона од Лигата на шампионите. Во Скопје доаѓа екипата на Порто. Нема промени во составот на Вардар и за овој натпревар.

Составот на РК Вардар за денеска: Кугис, Гедбан, Пелко, Горпишин, Калараш, Дибиров, Димитроски, Чупиќ, Шишкарев, Криштопанс, Скубе, Атман, Дисингер, Горбок, Кукуловски и Карапалевски.

Натпреварот помеѓу Вардар и Порто се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот.