Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во среда РК Вардар во Автокоманда ќе ја “извезе“ златната ѕвезда за 10-та титула
Во среда РК Вардар во Автокоманда ќе ја “извезе“ златната ѕвезда за 10-та титула

Во среда РК Вардар во Автокоманда ќе ја “извезе“ златната ѕвезда за 10-та титула

Како што фудбалскиот клуб Вардар оваа сезона прв во земјава успеја да дојде до десеттата шампионска титула така и на ракометниот црвено-црн колектив му се пружа истата прилика во домашниот шампион. Избраниците на шпанскиот тренер Раул Гонзалес се апсолутни фаворити во домашната суперлигашка конкуренција за освојување на овогодинешниот  трофеј. Следен меч кој е клучен за титулата е со некогашниот ривал, а сега спаринг-партнер РК Металург.

Овој дуел според распоредот од плеј-оф сегментот на програмата е во среда, 25 мај. Истиот ќе го играме како гости во салата “Автокоманда“. Дуелот е закажан со почеток во 18-00 часот. Вардар по седум кола има исто толку победи и со 21 бод е цврсто на врвот од табелата, а нашиот противник од седум кола има шест триумфи, 18 бода и еден пораз и тоа нормално од црвено-црните. На првиот меч во спортскиот центар “Јане Сандански“ однесовме победа со четири гола, со резултат 26-22, а победа однесовме и во куп финалето. Со победа во овој меч ние ќе имаме 24 бода односно 6 повеќе на две кола до крај во однос на сино-белите со што и теоретски ќе ја обезбедиме 10-та вардарова титула. Со што ќе станеме прв тим кој има двоцифрен број титулу односно 10 во првенството во македонската ракометна историја, а истото ни појде од рака лани во купот на Македонија.