“Вардар Јуниор“ лигата продолжува во силно темпо да се игра секој викенд во спортските ракометни сали Кале и Јане Сандански. Сите деца кои имаат желба да се занимаваат со ракомет, ја имат единствената можност преку “Јуниор лигата“ да се натпреваруваат и докажуваат. Учествуваат повеќе од 20 ракометни школи низ цела Македонија, кои се дел од ракометната академија на Вардар. Екипата на Академија 1 се натпреварува во оваа лига. Филип Станковски, иако тренира во Рк Александар Урдаревски, настапува за Академија 1 во рамките на “Вардар Јуниор“ лигата.
-Моите впечатоци за оваа лига се најпозитивни и голема улога има тоа што “Вардар Јуниор“ лигата се појави во вистински момент. Лигата е организирана на најпрофесионален начин, во која работат врвни ракометни имиња.
Екипата на Академија 1 генерација родени 1998/1999 година има одиграно два натпреаври во лигата.
-Академија 1 до сега од сите одиграни натпревари го нема покажано вистинското лице. Не сум задоволен од постигнатите резултати, знам дека можеме многу повеќе и работиме многу на тоа поле. Јас на оваа лига гледам како на полн погодок, како голем предизвик. Целта на секој спортист е да се надмине предизвикот, изјави Филип Станковски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски