Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Денес започнува новата сезона во ЛШ, вкупно 28 екипи меѓу кои и Вардар ќе се борат за Европската титула
(ВИДЕО) Денес започнува новата сезона во ЛШ, вкупно 28 екипи меѓу кои и Вардар ќе се борат за Европската титула

(ВИДЕО) Денес започнува новата сезона во ЛШ, вкупно 28 екипи меѓу кои и Вардар ќе се борат за Европската титула

Денес стартува новата натпреваувачка сезона во Лигата на Шампионите. Вкупно 28 екипи поделени во четири групи ќе се борат за Европската титула. Во двете најсилни групи ќе се натпреваруваат 16 екипи, додека во двете послаби 12 екипи. Вардар е дел од најсилната група А, во која се уште и екипите на Брест Мешков, Барселона, Кристијанштад, Рајн-Некар, Киелце, Монпелје и Киелце. Токму вечерва ќе се одигра дербито во нашата група, во кое Рајн-Некар е домаќин на тимот на Барселона.

Вардар својот поход во најголемото натпреварување го започнува во сабота, кога ќе гостува на Актуелниот шампион на Европа, тимот на Монпелје. Погледнете го видеото со кое се означува стартот во Лигата на Шампионите.