Од денес стартува продажбата на билети за последниот натпревар оваа година на домашен терен за екипата на Вардар , во рамките од Лигата на Шампионите. На 1.декември, црвено-црните се домаќини на екипата на Киелце.
Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.
Цената на поединечните билети за дуелот со Кјелце се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите
Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk
Пред овој дуел, избраниците на Парондо ги очекува гостување во ЛШ кај Брест Мешков и домашен дуел во СЕХА, против екипата на Извиѓач.