Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од денес стартуваше продажбата на билети, за завршниот турнир во СЕХА-лигата, чиј домаќин е С.Ц. Јане Сандански
Од денес стартуваше продажбата на билети, за завршниот турнир во СЕХА-лигата, чиј домаќин е С.Ц. Јане Сандански

Од денес стартуваше продажбата на билети, за завршниот турнир во СЕХА-лигата, чиј домаќин е С.Ц. Јане Сандански

Од денес стартуваше продажбата на билети, за завршниот турнир во СЕХА-лигата, кој во периодот од 13-15-ти април ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.

Билетите се по цена од 150 денари, за седиштата позади головите и 200 денари за сите останати блокови во салата. Картите можат да се набават секој ден пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански, во периодот од 10-18 часот, како и онлајн преку мрежата на „Ticket Plus“. Билетот ќе важи за двата натпревари во едниот ден.

Вардар во полуфиналето, кое на програмата е на 13-ти април ( петок) ќе се сретне со екипата на Брест Мешков, со почеток од 17:45 часот, додека во второто полуфинале кое е закажано за 20:15 часот ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Целје П.Л. Во недела на 15-ти април, во истите саатници ќе се одиграат мечевите за третото и првото место.