Арпад Штербик продолжува во континуитет да има добри настапи на почетокот од сезоната во Сеха лигата. На вчерашниот дуел со храватскиот преставник екипата на Нексе, нашиот голман имаше 17 успешни интервенции. Со самото тоа е и се полесно, кога имаш расположен голман во името на Арпад. Вардарци дојдоа до три победи, од исто толку натпревари во Регионалното натпреварување.
Арпад Штербик максимално си ја одработува својата работа и на вакви полесни натпревари. Oчекуваме и за 10-тина дена во Франција, нашиот голман да биде еден од најдобрите играчи на тимот, како и секогаш.