Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дефинитивно: Арпад Штербик на голот на Шпанија, на денешното полуфинале против Франција
Дефинитивно: Арпад Штербик на голот на Шпанија, на денешното полуфинале против Франција

Дефинитивно: Арпад Штербик на голот на Шпанија, на денешното полуфинале против Франција

Дефинитивно голманот на Вардар, Арпад Штербик ќе биде дел од составот на Шпанија, за денешното полуфинале против селекцијата на Франција. Гонзало Перез де Варгас отпадна од комбинација за настап откако имаше истегнати лигаменти на десното колено, па нема да биде во состојба да брани на последните два меча за неговата селекција.

Во текот на вчерашниот ден, Штербик допатува во Загреб и веднаш го одржа својот прв и единствен тренинг со Шпанија. Самиот истакна дека е дојден да и помогне на својата селекција да освои медал, но дека нема брането на натпревар од 14-ти декември, па ќе види колку може да биде во натпреварувачки ритам. Натпреварот Шпанија-Франција започнува од 18:00 часот, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Данска и Шведска.