Шпанија е новиот Европски шампион, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Шведска и тоа со резултатски пресврт во второто полувреме. Еден од најзаслужните за тоа беше Арпад Штербик кој во вторите 30 минути имаше седум одбрани, а вкупно осум во финалето. По завршување на финалниот дуел, Арпад заслужено го доби признанието за најдобар играч на големото финале. Тој за само шест месеци успеа да ги обедини Европските круни, со Вардар и сега со својата селекција.