Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик: Оваа победа беше важна за потврда на првото место во регуларниот дел од СЕХА-лигата
Арпад Штербик: Оваа победа беше важна за потврда на првото место во регуларниот дел од СЕХА-лигата

Арпад Штербик: Оваа победа беше важна за потврда на првото место во регуларниот дел од СЕХА-лигата

Нашиот ракометен шампион ја забележа втората победа во новата година, што беше вкупно 14 за нив во рамките на СЕХА-лигата. Избраниците на Раул Гонзалес славеа на гостувањето против Горење Велење (29:31) и на тој начин ја оправдаа фаворитската улога. На тој начин на едно коло пред крајот на регуларниот дел го обезбедивме првото место на табелата. Во рамките на последното коло во ова натпреварување не очекува гостински натпревар против екипата на Извиѓач. Во победата против вицешампионот на Словенија, најефикасни беа Дибиров и Борозан кои имаа по 8 постигнати голови, додека на голот беше одличен и Арпад Штербик. После завршување на мечот за СЕХА-лигата со свое видување излезе нашиот чувар на мрежата, кој беше сигурно еден од најдобрите поединци на натпреварот.

-Секој почеток е тежок кога ќе дојдат натпревари после подолга пауза, каде некои играчи се уморни, некои се во играчка форма и натпреварувачки ритам, а некои не и така треба да ја составиш и вклопиш екипата. Знаевме дека Горење игра многу подобро во вториот дел од лигава, посебно по доаѓањето на новиот тренер. Очекувавме тежок натпревар, за нас оваа победа беше важна за потврда на првото место во регуларниот дел од СЕХА-лигата. Не се излажавме, Горење прикажа одличен ракомет и воопшто не не изненадија со добрата игра, ние тоа и го очекувавме, рече Арпад.