Убедлива победа за Вардар во рамките на 2.коло од СЕХА-лигата. Црвено-црните со бодови се враќаат од гостувањето кај екипата на Војводина. Домашниот тим пружи отпор само во првото полувреме, кога нашата предност беше само два гола разлика (9:11), за во вториот дел да поведеме и со двоцифрена разлика.
Како го виде натпреварот и победата против Војводина, прочитајте од изјавата на капитенот, Стојанче Стоилов.
Резултатот не е мерило, изгледа дека многу лесно сме победиле тука, но не е така. Во првото полувреме, Војводина играше многу цврсто и ни правеше проблеми во играта, но во вториот дел ние игравме многу подобро во одбраната и поорганизирано во нападот и тука го добивме натпреварот, истакна Стоилов.