Ракометарите на Вардар ја добија за противник во 1/2 финалето на Лигата на шампионите екипата на Барселона од Шпанија. Овие два тима трет пат оваа сезона ќе се сретнат во меѓусебен дуел, овој пат во најважниот меч сезонава за пласман во големото финале. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ги истакна своите импресии за противникот.
„Сите четири тима имаат исти шанси за победа. Барселона е голем фаворит, таа беше прва во групата и двапати не победи, но ние сме Вардар и не се откажуваме до крај. Мислам дека претходните дуели од групната фаза нема да бидат важни за подготовките за завршниот турнир“ , изјави капитенот на Вардарци.