Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Томче Стојановски: Очекувањата за оваа сезона се јасни, не не интересира ништо друго освен првото место
Томче Стојановски: Очекувањата за оваа сезона се јасни, не не интересира ништо друго освен првото место

Томче Стојановски: Очекувањата за оваа сезона се јасни, не не интересира ништо друго освен првото место

Рк Вардар јуниор со победа стартуваше во првото коло на младинската лига. Во С.Р.Ц. Кале противник им беше екипата на ГРК Борец. Натпреварот помина во доминација на Вардарци, кои на крајот забележаа висок триумф од 39:18. Томче Стојановски на овој дуел беше стелец на четири голови, ви ја пренесуваме неговата изјава.

-Во мечот од првото коло издвоивме убедлив триумф со конечен резултат 39:18. На почетокот противникот поведе со 1:3 која беше и негова едиствена предност. Потоа со серија од 6:0 дојдовме до резултат од 7:3 и ја превземавме контролата врз играта во наши раце. Во првото полувреме и не одигравме како што знаеме,но затоа во второто полувреме покажавме што можеме. Одигравме цврсто во одбраната и резултатот си дојде сам по себе. Од мојот придонес на овој меч сум задоволен, но сметам дека секогаш може подобро. Овој натпревар беше проверка пред тоа што ни следи следниот викенд.

Во второто коло, црвено-црните за противник ќе го имаат тимот на Тинекс Пролет. Во оваа екипа настапуваат ракометари кои се за две години повозрасни од избраниците на Зенга.

-Оваа победа ја оставаме зад нас и целосно сме фокусирани на нашиот следен противник. Веќе следниот викенд играме исклучително тежок натпревар со екипата на Тинекс Пролет. Според мене овој натпревар ќе одлучува за првото место во групата. Очекувањата за оваа сезона се јасни, не нѐ интересира ништо друго освен првото место. Верувам во екипата и сметам дека имаме доволно квалитет и ќе го дадеме својот максимум за да оствариме најдобри резултати и да ја оправдаме укажаната доверба од тренерот, изјави Томче Стојановски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски