Wednesday ,17 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Марио Стојановски е единствениот вардарец со повик за настап во кадетската ракометна репрезентација
Марио  Стојановски е единствениот вардарец со повик за настап во кадетската ракометна репрезентација

Марио Стојановски е единствениот вардарец со повик за настап во кадетската ракометна репрезентација

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска репрезентација генерација 2004 , Радослав Стојановиќ, го објавија списокот на повикани ракометари за подготвителниот период во Маврово и настап на претстојното 023 IHF Men’s Youth World Championship кое ќе се оддржи во Хрватска во период од 02 Август до 13 Август 2023 година.

Марио Стојановски е единствениот вардаров играч кој ќе го носи националниот дрес.

Кадетската машка селекција во рамки на подготвителниот период ќе оддигра пријателски натпревари против селекцијата на Унгарија. Натпреварите ќе се оддиграат во Унгарија на 13.07 и 14.07.

Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.

Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда, а останатите две репрезентации се пласираат на Президент Куп.

Во Главната рунда вкрстуваме со групата Е, во која е репрезентациите на Мексико, Данска, Чиле и Австрија.