Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов, Манасков и останатите црвено-жолти момци вечерва во Гдањск ќе се обидат да испишат историја
Стоилов, Манасков и останатите црвено-жолти момци вечерва во Гдањск ќе се обидат да испишат историја

Стоилов, Манасков и останатите црвено-жолти момци вечерва во Гдањск ќе се обидат да испишат историја

Од вечерва  па се до недела во Гдањск-Полска  избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе одиграат квалификациски турнир за пласман на Летните олимписки игри кој ова лето ќе се одржат во Рио де Жанеиро. Нашиот црвено-жолт национален тим ќе игра три дуели со домаќинот Полска вечерва, утре со преставникот на Латинска Америка националната селекција на Чиле и во недела со преставникот на “црниот континент“ селекцијата на Алжир.

Мечот со избраниците на Душебаев кој имаат шанса на домашен терен да ги играат овие квалификации што ја усложнува нашата задача е закажан за вечерва во 20часот и 30 минути. Ракометните репрезентативци на Македонија вчера полетаа од   скопскиот аеродром “Александар велики“ каде по неколку часа пристигнаа во Гдањск. Вчера во 18-00 часот Обрван го одржа попладневниот тренинг на нашите момчиња.Од црвено-црниот машки ракометен колектив, Вардар имаме два преставника на овој  квалификациски турнир за пласман на Летните олимписки игри, тоа се нашиот пикер Столе Стоилов и крилниот играч Дејан Манасков. Повик имаше и нашиот капитен Филип Лазаров, но истиот заради фрактура на шаката не беше во можност да помогне на своите репрезентативни колеги. Од вечерашниот прв дуел во Полска и од двата наредни ќе може да ги следиме случувањата низ директен пренос на Македонската радио и телевизија на нејзиниот прв програмски канал.

Foto FB: Stojance Stoilov – Stole