Вардар вчера по победата во предпоследниот натпревар во плеј-офот против РК Пролет ја прослави новата, 12-та шампионска круна во Македонија. Најтрофејниот тим ја одбрани и оваа титула по онаа во СЕХА лигата. За одбрана остануваат Купот на Република Македонија и европската круна. По дуелот капитенот Стоилов даде изјава за титулата, но и за она што многумина очеуваа неговата иднина.
Тоа е само „жолт печат“., нема ништо околу тоа. Продолжен ми е договорот на две години и тука сум. Сега следи предизвик во Купот на Македонија и Келн. Сакаме да ги овсоиме двете титули и да ги радуваме луѓето кои не сакаат. Моменталната состојба во лигата е таа, последните години Металург беше противник, а сега и таму ситуацијата не е сјајна. Како и да е, титула си е титула, слатка ни е и ни значи- вели капитенот на Вардар.