Капитенот на Ракометниот клуб Вардар, секогаш храбриот Столе Стоилов успешно го мина операциониот зафат на коленото. Од болницата Систина каде се вршеше операцијата го потврдуваат тоа. Тие велат:
Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на РК Вардар на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.
Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, кои што ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.
Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените