Нема одмор за вардарци кои вечерва гостуваат кај екипата на Прилеп, на натпревар од 19.коло во домашната Супер Лига.
Екипата вчера се врати во Скопје, после гостувањето во Нови Сад и победата кај екипата на Војводина, а веќе вечерва играат домашен натпревар. Вардар е фаворит голем за освојување на бодовите против Прилеп кој се наоѓа на 10.место со скор од само 5 победи и 13 порази.
За судии се одредени Виктор Начевски (Скопје) и Даниело Божиновски (Битола), додека делегат ќе биде Цано Куртовиќ од Скопје. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот. Стрим од истиот можете да проследите на линкот, ТУКА.