Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мартин Табаковски-Од Ресен тргнавме со помислата дека ќе играме во големото финале и ќе го освоиме турнирот

Мартин Табаковски-Од Ресен тргнавме со помислата дека ќе играме во големото финале и ќе го освоиме турнирот

Ракометната школа Преспа од Ресен е освојувач на третото издание на ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ кој изминатиов викенд започна во Скопје и се играше во четири различни сали. Веќе се познати победниците во машкиот и женски дел, во две разлини возрасни генерации. Кај генерацијата 2002/03 во машка конкуренција првото место им припадна на РК Преспа која во големото финале убедливо ја совлада екипата на РК Шампион и на тој начин го освои златниот медал во оваа генерација. Третото место им припадна на РК Кале од Кичево. По одигрување на финалните натпревари се доделуваа наградите за најдобрите поединци. Сигурно еден од најзаслужните за првото место на Ресанчани е нивниот најдобар играч, Мартин Табаковски кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од освоеното прво место и од безпрекорната организација на турнирот.

-Од Ресен тргнавме со помислата дека ќе играме во големото финале и ќе го освоиме турнирот. Целокупната организација беше одлична и подготовката на натпреварит помина во најдобар ред. Можам да кажам само пофални зборови за ракометниот клуб Вардар кој на највисоко можно ниво го организира турнирот и овоможува на сиште ракометни школи од Македонија да се чуствуваат најдобро. РК Шампион е доста квалитетна екипа со неколку добри поединци кои се издвојуваат од другите и сметавме дека може да ни биде конкурент за освојување на првото место. Првото полувреме беше понеизвесно во кое двете екипи се менуваме во водство, иако ние бевме тие кои по истекот на 20-те минути имавме водство од два гола разлика. Во второто полувреме влеговме помотивирани и си дадовме за задача да се одлепиме резултатски од противникот и  натпреварот да го доведеме во мирна завршница. Ние како состав сме предизвик за секоја екипа како на овој турнир, така и во настапите од Јуниор лигата. Сметам дека сме најдобриот тим во оваа возрасна генерација и тешко се наоѓа екипа која на крај може лесно да излезе со нас.

Мартин Табаковски ја освои наградата за најдобар стрелец на завршниот турнир со 56 постигнати голови.

-Потајно верував дека можам да освојам некоја од поединечните награди, иако во еден момент мислев дека покрај за најдобар стрелец можам да земам и за МВП на турнирот, но сепак и Стефан Кочаров од РК Шампион блескаше на овој турнир и заслужено тоа признание му припадна нему.

Екипата на Преспа ја има истата цел и в Јуниор лигата да го одбрани приматот на шампион во оваа генерација.

-И оваа сезона се надеваме дека ќе бидеме на врвот на крајот од оваа натпреварувачка сезона во “Јуниор“ лигата. На врвот сме на табелата во нашата генерација, со напорна работа и понатаму ќе се трудиме да докажеме дека сме најдобриот тим, изјави Мартин Табаковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски