Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески: Сите играчи знаат дека теренот на Вардар е пеколен, дека има најдобра публика
Талески: Сите играчи знаат дека теренот на Вардар е пеколен, дека има најдобра публика

Талески: Сите играчи знаат дека теренот на Вардар е пеколен, дека има најдобра публика

Утре во Скопје на европскиот шампион му гостува германскиот тим на Рајн Некар Левен кој во својте редови го има Филип Талески. Пред овој дуел кој е прогласен за дерби дуел на колото во Лигата на шампионите, Талески говори за нивниот утрешен противник, поразот од Мелсунген  и жешкиот терен кој ги очекува во Скопје.

Можеби е добро што ни се случи овој пораз токму сега за да се стабилизираме точно пред дерби дуелот со европскиот шампион Вардар. Сите знаеме што не очекува во сабота во Скопје. Вардар е европски шампион, сите играчи знаат дека теренот на Вардар е пеколен, дека има најдобра публика. Така да, ќе биде многу тешко за нас” изјави Филип Талески.

Натпреварот Вардар – Рајн Некар Левен се игра утре со почеток во 17.30 часот.