Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тежок “ноември„ за екипата на РК Вардар
Тежок “ноември„ за екипата на РК Вардар

Тежок “ноември„ за екипата на РК Вардар

Во месецов кој започна, црвено-црните ќе одиграат дури шест натпревари, од кои четири тешки во Лигата на Шампионите.

Во наредниве осум дена, Вардар ќе одигра дури три натпревари и тоа сите пред својата публика. Познато е дека утре сме домаќини на екипата на Брест Мешков, дуел на кој ќе се обидеме се вратиме на победите во Лигата на Шампионите. Само три подоцна не очекува и меч во СЕХА-лигата, домаќини сме на тимот на Нексе. После два порази во СЕХА, време е  за избраниците на Парондо да триумфираат во ова натпреварување.

Веќе на редниот викенд, на 11-ти ноември, во дербито на групата, Вардар пред своите навивачи ќе ја пречека и екипата на Барселона. Доколку славиме и на споменативе два дуели, сигурно е дека Вардар ќе се врати на врвот на табелата во најсилната група А. Седум дена подоцна ќе играме возвратен натпревар во “Палау Блауграна“, тоа е дерби на викендот во ЛШ, кога Вардар ќе гостува на Барселона. На 24-ти ноември не очекува уште едно тешко гостување во ЛШ, против секогаш незгодниот тим на Брест Мешков, со кој повторно за кратко време ќе ги одмериме силите. Ноември ќе го заокружиме со меч на домашен терен против екипата на Извиѓач. Тој дуел треба да биде рутина за момците на Парондо, кои не треба да имаат проблеми околу освојување на бодовите. Натпреварот со Извиѓач ќе се одигра на 28-ми ноември.