Денес ракометниот клуб Вардар и официјално потврди дека бразилецот, Хозе Гиљермо Де Толедо е нов играч на црвено-црните. Овој 25-годишен десен бек потпиша договор во времетраење од две години со европскиот ракометен првак. За ова засилување извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски изјавува:
Со ангажирањето на Толедо веруваме дека ќе имаме уште подобра бековска линија во Вардар. Бразилецот низ своите настапи претходните години покажа дека може да биде корисен во секој тим. Неговата младост и пред се напаѓачки и одбранбени способности секако ќе бидат добредојдени. Очекуваме Толедо да ја искористи шансата што ќе му биде укажана, и да покаже дека и ние и тој направил одличен избор со доаѓањето во Скопје- вели Стојаноски.