Капитенот на Барселона, Виктор Томас се уште не може да го преболи поразот на неговиот тим, во полуфиналето на ЛШ, од екипата на Вардар. На завршниот турнир во Келн, Вардар и Барса се соочија во полуфиналето, а каталонците долго во натпреварот имаа предност, која во еден момент изнесуваше цели седум голови. Сепак во последните 15 минути се случи голем пад во нивната игра, а црвено-црните го направија можеби еден од најголемите пресврти, што се однесува на завршните мечеви во најголемото натпреварување. Тоа беше втор пораз за Барса од Вардар, на завршните турнири, а нашиот тим стигна и до втората Европска титула.
-Не можам никако да го заборавам тешкиот пораз од Вардар, иако се обидувам, некогаш се потсетувам и тоа ме растажува. Бевме подобар противник повеќе од 45 минути на терен, имавме одлична сезона пред себе, а потоа луѓето заборавија на нас, после тој пораз од Вардар. Во новата сезона сакаме одиме чекор понапред и се освен неосвојувањето на Лигата на Шампионите ќе биде голем неуспех за нас, истакна капитенот на Барселона.