Ракометарите на Вардар стигнаа до вториот триумф во СЕХА-лигата, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Татран Прешов (29:24).
Медија тимот на СЕХА за играч на натпреварот го прослави голманот на Вардар, Мартин Томовски, кој имаше 13 одбрани и беше еден од најзаслужните за победата. Дел од одбраните на Томовски можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.
Истово признание, Томовски, го понесе и на натпреварот против Партизан.