Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еден си, Тоскиќ ти благодариме за се!
Еден си, Тоскиќ ти благодариме за се!

Еден си, Тоскиќ ти благодариме за се!

За жал дојде и крајот на оваа сезона, што значи дека Вардар се збогува со дел од ракометарите на кој нема да смета за следната сезона. Еден од главните играчи, миленикот на публиката, големиот борец, кој до даваше секогаш својот максимум за тимот – Алем Тоскиќ за жал повеќе нема да биде член на нашиот шампион РК Вардар.

Популарниот Тоска дојде во Вардар во сезоната 2013/14, каде се пресели од тимот на Целје. Тоскиќ за Вардар одигра цели три сезони. Во овие три сезони поминати во нашиот клуб Тоскиќ од натпревар во натпревар ги зголемуваше симпатиите од навивачите на црвено – црниот клуб, со неговите беспрекорни битки на линијата од седум метри. Иако важеше за играч кој има повеќе од 33 години, сепак Тоска својот максиумум го даваше како во нападот така и во одбраната, играше некогаш и по 60 минути на меч, ретко кој ракометар со преку 33 години може да се пофали со ваков податок. Тоскиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Горење во шампионатот на Словенија, па му посакуваме со успех да го носи и тој дрес, и да се сеќава само на убави моменти од Скопје и од црвено – црната армија навивачи на Вардар.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ – АЛЕМ ТОСКИЌ!