Тренерот на Монпелје Патрис Канајер, по мечот го анализираше текот на натпреварот. Рака на срце, мора да му се честита бидејќи во целост ја проучил играта на Вардар, па така со изглегувањето натпревар на двајца ракометари им носеше многу проблеми на нашите играчи.
„Среќен сум што го победивме мечот. Сакам да му честитам на мојот тим. Игравме против силен тим , бранителот на титулата Вардар. Влеговме на овој Ф4 од вториот шешир. Го победивме шампионот и се надевам дека на ист начин ќе продолжиме. По поразите во францускиот шампионат од еден гол кои ги доживеавме ние, точно знам како Вардар се чувствува сега“, рече Канаје.