Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ повторно предводник на Хрватска во триумфот против Словенија, одлични Карачиќ и Циндриќ кои се запишаа во листата на стрелци
Чупиќ повторно предводник на Хрватска во триумфот против Словенија, одлични Карачиќ и Циндриќ кои се запишаа во листата на стрелци

Чупиќ повторно предводник на Хрватска во триумфот против Словенија, одлични Карачиќ и Циндриќ кои се запишаа во листата на стрелци

Хрватската ракометна репрезентација успеа да го добие вториот контролен натппревар против селекцијата на Словенија, овој пат во арената во Загреб со резултат 21:20.

На моменти со груба игра пред се од репрезентацијата на Словенија, на крајот подобро се снајдоа хрватите кои успеаа да триумфираат. На натпревар со мал број на постигнати голови, првото поосетливо водство го имаа избраниците на Червар, кога во 17 минута поведоа со 7:4. Сепак до крајот на првото полувреме Словенија играше многу подобро и на одмор не само што ја надокнади негатива, туку успеа на полувреме да има водство од 9:11. Во најголем дел од второто полувреме, избраниците на Вујовиќ имаа предност која се движеше од 1-2 голови ралика, но Хрватска со серија од неколку погодоци успеа да направи резултатски пресврт и со голот на Лука Циндриќ во 51 минута да поведе со 19:17. Ова се покажа како клучен период, за победата на Хрватска, која успеа да го зачува водството до истекот на 60-те минути и на крајот да слави со резултат од 21:20.

Повторно Иван Чупиќ беше предводник на Хрватска, кој беше најдобар стрелец со 6 погодоци, додека одличен натпревар одигра и Карачиќ кој постигна четири голови. Лука Циндриќ исто така беше активен, постигнувајќи два гола. На првиот контролен дуел меѓу овие две селекции одигран во Љубљана, немаше победникот и мечот заврши со нерешен резултат 26:26.