Екипата на Вардар веќе ги започнува со подготовките за новата сезона, промовиран е Веселин Вујовиќ кој треба да го „исцрта“ планот за подготовки во кои се предвидени учества на три турнири.
Доколку нема не се појави нешто поатрактивно во истиот термин црвено-црните ќе учестуваат на турнирот во Струга, голема е веројатноста Вардар и годинава да игра на турнирот. Од претходно беше познато дека Вардар ќе биде меѓу учесниците на „Хумел купот“ кој ќе се игра во Магдебург. Покана за уште еден настап во Германија има Вардар, од тимот на Лајпциг.