Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Продолжуваат победите за РК Вардар 2 во првата ракометна лига, убедливо совладана Македонија Ѓ.П
Продолжуваат победите за РК Вардар 2 во првата ракометна лига, убедливо совладана Македонија Ѓ.П

Продолжуваат победите за РК Вардар 2 во првата ракометна лига, убедливо совладана Македонија Ѓ.П

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар од првата ракометна лига, помеѓу екипите на РК Вардар 2 и Македонија Ѓ.П. Очекувано поуспешни беа црвено-црните, кои остварија убедлив триумф, изразен со резултат 42:28.

Уште на самиот старт ја најавивме победата, кога по 5 минути игра имавме предност од 4:1. Се што успеа да стори на овој меч, гостинската екипа е на два пати да се доближи до само еден гол негатива од водството на Вардар. Во првиот момент намалија на 5:4, по што следеше период каде Вардарци имаа постојано водство не поголемо од три гола разлика. Повторно Ѓорче успева со подобра игра да го намали резултатот на 10:9, по што немаа повеќе сили да се носат со составот предводен од Стојан Петрушевски. Следи наша серија од четири последователни гола, за највисоки во тие моменти 14:9. Во следниот напад, противникот со гол ја прекинува нашата серија, но по примениот гол следи повторно наша голеда и нова серија од 5:0, за на полувреме да се замине со високо водство од 19:10.

Серијата продолжи и во вториот дел за веќе двоцифрена предност од 21:10. Како одминуваше натпреварот, нашата предност се повеќе растеше. На средина од вториот дел имавме водство од 30:16. Тренерот Петрушевски им даде можност за настап на сите играчи кои му беа на располагање за овој дуел. Интересно е што освен Стошиќ сите се запишаа во листата на стрелци. Во еден момент имавме и највисоки 40:24. Последните неколку минути беа само рутина и одработување на натпреварот.

Убедливо најефикасен беше Тоше Ончев со 10 постигнати голови. Иван Димитриевски и Мартин Димов постигнаа по 5. Ова беше вкупно 15 победа за РК Вардар 2, со која се зацврстуваат на втората позиција на табелата.

РК Вардар 2: Кизиќ, Димов 5, Димовски 2, Анастасовски 3, Димитриевски 5, Наумовски 3, Стојковски 3, Дамчески 1, Стошиќ, Трпчевски 1, Кукуловски 1, Калков 2, Крстевски 4, Љубевски 2, Ончев 10, Брауновиќ.