Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Многу мал број на билети останаа за дуелот, Вардар-Барселона, црвено-црните пред преполна арена ќе ја дочекаат Барса
Многу мал број на билети останаа за дуелот, Вардар-Барселона, црвено-црните пред преполна арена ќе ја дочекаат Барса

Многу мал број на билети останаа за дуелот, Вардар-Барселона, црвено-црните пред преполна арена ќе ја дочекаат Барса

Голем интерес за ракометниот натпревар помеѓу Вардар и Барслеона, кој треба да се одигра на 11-ти ноември во С.Ц. Јане Сандански. Според информациите во продажба остануваат уште мал број на билети за овој дуел од 7.коло на најсилната група А во Лигата на Шампионите. Ова значи дека челниците на клубот ќе морат да ги пуштат во продажба карите за стоење, кои се практикуваа минатата сезона.

Претходно на 3-ти ноември, црвено-црните се домаќини на екипата на Брест Мешков. За овој дуел има поголем број на слободни билети и засега помала заинтересираност, но сигурно како одминуваат деновите и за овој меч се очекува арената да биде речиси распродадена.