Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема многу време за радување по победата во Велес, Вардар Јуниор утре гостува кај Еурофарм
Нема многу време за радување по победата во Велес, Вардар Јуниор утре гостува кај Еурофарм

Нема многу време за радување по победата во Велес, Вардар Јуниор утре гостува кај Еурофарм

Вчера, младиот состав на Вардар Јуниор стигна до својата трета победа во најсилната ракометна конкуренција,  Супер лигата.  Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков славеа убедливо на гостувањето  в Велес кај екипата на ГРК Борец, со резултат 17:30. Сепак немаа многу време за прослава на бодовите и одмор веќе утре ги очекува нов, тежок суперлигашки предизвик.

Ние гостуваме кај тимот на РК Еурофарм во  натпревар од вонредното 9.коло во лигата.  Дуелот ќе се игра утре, среда 14.ноември со почеток во 17-00 часот  во салата “Боро Чурлевски“ во Битола. Судии  на натпреварот помеѓу младиот вардаров тим и лидерот на табелата ќе бидат Пауновски Никола и Оливер Спировски од Струга.