Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Утрешниот натпревар на РК Вардар против Брест Мешков, со директен пренос на МРТ-1
Утрешниот натпревар на РК Вардар против Брест Мешков, со директен пренос на МРТ-1

Утрешниот натпревар на РК Вардар против Брест Мешков, со директен пренос на МРТ-1

Вардарци се враќаат на своите настапи, а првиот натпревар во новата година ќе биде оној утре во рамките на СЕХА-лигата, каде избраниците на Гонзалес гостуваат во Белорусија, на екипата на Брест Мешков. Црвено-црните се наоѓаат на првото место во ова натпреварување, со максимален број на освоени бодови и со сигурно обезбеден пласман на завршниот турнир.

Дуелот кој се игра утре со почеток од 17:00 часот ќе оди со директен пренос на МРТ-1. Ќе видиме како ќе реагира екипата, после ЕП, на кое имаше свои осум ракометари кои настапија со своите репрезентации, додека останатите играчи кои немаа репрезентативни обврски тренираа со тимот, но без Раул Гонзалес, кој ја предводеше Македонија на ЕП. Малку време имаше за собир на целата екипа, па овие мечеви со Мешков и Татран ќе ни бидат добра подготовка во пресрет на мечот против Барселона.