Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Рк Вардар 2 “како брз воз го збриша“ Гостивар
Рк Вардар 2 “како брз воз го збриша“ Гостивар

Рк Вардар 2 “како брз воз го збриша“ Гостивар

Нема противник после првите четири одиграни кола во првата ракометна лига, кој може да му се спротистави на Рк Вардар 2. Конечниот резултат од 42:12 ја отсликува реалната слика од овој натпревар. Избраниците на Стојан Петрушевски како брз воз го прегазија Гостивар, во рамките на првата ракометна лига.

Гостинскиот тим чекаше на својот прв погодок шест минути, првото и единствено израмнување се случи во 7 минута, кога резултатот гласеше 2:2. Од тие моменти на теренот во малата сала во Ј. Сандански играше само една екипа. Почетната постава беше Кизиќ, Димов, Стојковски, Анастасовски, Трпчевски, Димковски и Ончев. Единствено Арсеновски го заменуваше Трпчевски во одбрана. Голманот Кизиќ повторно беше во свој елемент на голот, неговите соиграчи во нападот започнаа да ја полнат мрежата на Гостивар. Влеговме во серија од 7:0, стрелците се менуваа како на филмска лента. Цели 11 минути, противникот не успеваше да го пронајде патот кон колот на Кизиќ. Во овој дел од играта највеќе се истакнаа бековите Ончев и Трпчевски. Тоа им успеа дури во 18 минута кога намалија на 9:3. После 17 минута, тренерот Петрушевски почна да ги ротира своите играчи. На теренот влегоа капитенот Димовски, Димитровски и крилото Дамчевски. Неспортски потег од страна на противничкиот играч, кога со груб фаул стартуваше над Дамчевски, кој во тие моменти го постигна својот прв гол. Се беше во ред со него, кој на кратко беше повлечен на клупата. Со својот прв погодок на Димитровски, младите Вардарци веќе имаат двоцифрена предност од 13:3 во 20 минута од дуелот. До крајот на првото полувреме, гостите постигнаа само три голови. Димовски со два голови во серија зголемува на 16:3. Во листата на стрелци во првите 30 минути се запиша и Крстевски. На пауза се замина со резултат 21:6.

Ништо поразлично не се случуваше ни во вториот дел. Трпчевски со гол го отвори второто полувреме и навести нова голеада. Гостивар беше далеку од класата и играта на црвено-црните, кои речиси го згазија противникот. Виларов доби шанса да го замени на голот Кизиќ и за брзо време да забележи неколку одбрани. Петрушевски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Првата двоцифрена разлика се случи во 37 минута, кога со првиот гол на Стошиќ поведовме со 26:6. Цели 10 минути, Гостивар чекаше на својот прв погодок во второто полувреме. Како одминуваа минутите, така предноста растеше во наша корист. Црвено-црните во ниту еден момент не застанаа, продолжија максимално до крај да ја играат својата игра. Во 53 минута, со голот на Наумовски поведовме со 36:9. Интересно е што сите играчи кои влегоа во игра, се запишаа во листата на стрелци. Конечниот резултат гласеше 42:12. Ова е четврта последователна победа за Вардар 2 на стартот од првата ракометна лига. Најефикасни во нашиот состав беа Ончев и Димовски, кој постигнаа по 5 голови.

Кизиќ, Виларов, Димов 2, Јагуриновски 4, Димовски 5, Анастасовски 2, Наумовски 4, Стојковски 1, Дамчески 4, Стошиќ 2, Трпчевски 4, Димитровски 2, Крстевски 2, Димковски 2, Ончев 5, Арсеновски 3.