Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Брест директно на МРТ
Вардар – Брест директно на МРТ

Вардар – Брест директно на МРТ

Шампионот на Македонија, тимот на РК Вардар утре ќе го одигра првиот натпревар од новата сезона во Сеха Регионалната лига. Нашите момци, одисејата ќе ја започнат во нашата сала од 20 часот и 30 минути, кога ќе го пречекаат тимот на Мешков Брест. Вардарци со тимот од Белорусија се сретнаа пред неколку недели на турнирот во Белорусија, на кој доживеаа пораз од овој противник.

Овој прв, и воведен натпревар во новата сезона, ексклузивно ќе се емитува и на МРТ – 1. Сите кои нема да бидат во можност да дојдат во сала, ќе можат ”новиот” Вардар да го проследат преку малите екрани. Не очекува интересна сезона во ова натпреварување со голем број на квалитетни екипи, кои ќе атакуваат на завршниот турнир.