Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ повторно анализира: Вардар делува „нестабилен“ како никогаш досега
ЕХФ повторно анализира: Вардар делува „нестабилен“ како никогаш досега

ЕХФ повторно анализира: Вардар делува „нестабилен“ како никогаш досега

 После 11 одиграни кола во Лигата на Шампионите, Вардар се наоѓа на шесттото место во најсилната група Б, тоа е последната позиција која носи пласман во осмина-финалната рунда. Црвено-црните не ја започнаа добро оваа година кога загубија убедливо на гостувањето кај екипата на Кил, што беше нивни шестти пораз сезонава. Откако добро ја стартувавме сезоната со три победи од исто толку натпревари, во наредните осум меча, Вардар има само една победа и нерешен резузлтат. Експертите на ЕХФ направија анализа на случувањата во редовите на Европскиот Шампион, истакнувајќи дека клубот се наоѓа во голема „дупка“ од која може тешко да излезе. Веќе и претходно излегуваа со ранкинг на најдобрите екипи, и не веруваат дека Вардар може оваа сезона да го помине осмина-финалето.

Изминатата сезона, Вардар успеваше да се справи со улогата на „аутсајдер“ но оваа сезона се наоѓа во една „дупка“ од која не може да излезе подолго време. Со „егзодусот“ на играчи минатото лето, како и потврдата за заминување на Даинис Кристопанс и Данилл Шишкарев кои најдоа нови клубови, бранителот на Европската титула делува нестабилен како никогаш претходно.

Веќе сменија двајца тренери, додека во јануари екипата ја превзеде легендата на македонскиот ракомет, Стевче Алушовски, но сепак нема некои промени во играта. Поразот од 34:23 против екипата на Кил ги истакна нивните слабости, пред се во одбраната, каде Вардар е вториот најслаб тим со 355 примени голови, само четири помалку од екипата на Мотор Запорожје.

На последните пет натпревари, Вардар има четири порази и само еден нерешен резултат, па сигурно е дека нема да завршат повисоко од четвртото место во групата. Добра околност е тоа што во последните три кола играат два натпревари на домашен терен,  но ќе мора да освојат барем бод на гостувањето кај Порто“ се вели во анализата на ЕХФ.