Ракометарите на Вардар 1961 забележаа нова победа во ракометната Супер лига. Вечерва Металург одигра добар натпревар, а Вардар ги зеде бодовите победувајќи со резултат 38-30 (14-15).
Не тргна баш најдобро дуелот за шампионот на Македонија. По десет минути игра, Металург добро парираше и имаше предност од 7-6. Продолжи добрата игра на гостинот, или заспаноста на ракометарите на Вардар, па така во 19.минута гостинот имаше нови плус еден, 13-12. Потоа Вујовиќ побара тајм-аут, па работите дојдоа на посакуваното место. Веќе во 22.минута, Вардар дојде до водство 15-14 со голот на Стоилов. Но, следуваше одново добра игра на Металург, кој изненадувачки на пауза замина со еден гол предност од 19-18. Во првиот дел вардарци не играа на посакуваното ниво, а во тимот го немаше ниту Гаџа, па организацијата на нападите одеше потешко.
Во вториот дел работите си дојдоа на своето место. Веќе во 40.минута Вардар имаше 26-22, максимални плус четири на денешниот дуел. Изгледа дека и противникот се умори во вториот дел, со оглед на тоа дека ростерот на играчи им беше доста ,,тенок”. За одбележување беше 50.минута од дуелот и голот на Дибиров од пенал за нови плус два, 31-29 за Вардар. Веќе во 54.минута искуството на Вардар дојде до израс, па со голот на Талески дојдоа ,,црвено – црните” на 33-30. Талески продолжи да игра добро, овој пат со нов гол за веќе 34-30 во 55.минута од дуелот. Во последните пет минути вардарци само рутински ја довршија својата задача за нов триумф во Супер лигата.
Дибиров, Талески и Моралес со по седум гола беа најефикасни кај Вардар.