Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв домашен предизвик за Дејвис, Пролет гостува на Вардар
Прв домашен предизвик за Дејвис, Пролет гостува на Вардар

Прв домашен предизвик за Дејвис, Пролет гостува на Вардар

Ракометарите на Вардар утре ќе одиграат нов натпревар, оној во рамките на 18.коло во домашната Супер Лига. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Пролет. Со оглед дека беше одложен мечот од претходното коло против екипата на Металург, ова за црвен-црните ќе биде прв натпревар во новата година, што се однесува до настапите во Супер Лигата.

Натпреварот ќе го судат Виктор Начевски (Скопје) и Даниело Божиновски (Битола), додека делегат ќе биде Маријан Огњановски од Скопје. Терминот на започнување е 16:00 часот. После 17 одиграни кола, Пролет има скор од 9 победи, 1 нерешен резултат и 7 порази и со вкупно 28 бодови се наоѓа на 6.место на табелата.