Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар се поблиску до 15.трофеј во првенството, до крајот на сезоната остануваат уште 3.кола
Вардар се поблиску до 15.трофеј во првенството, до крајот на сезоната остануваат уште 3.кола

Вардар се поблиску до 15.трофеј во првенството, до крајот на сезоната остануваат уште 3.кола

Вардар е многу блиску до освојување на 15.Шампионска титула во домашното првенство. Црвено-црните славеа на гостувањето во Битола, кај екипата на Еурофарм Пелистер (23:26) и на тој начин го превземаа првото место од битолскиот тим.

Резултати од одиграното 7.коло во Плеј-оф:

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш  25:25

Бутел – Охрид  19:17

Еурофарм Пелистер – Вардар  23:26

Вардар е прв на табелата со 23 освоени бодови, додека Еурофарм Пелистер има 22. До крајот на сезоната остануваат да се одиграат уште три кола. Вардар го одчекуваат домашни натпревари против екипите на Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, како и гостување кај екипата на Бутел. Доколку црвено-црните слават на сите три натпревари, ќе успеат да ја одбранат Шампионската титула.