Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е домаќин на Бутел, црвено-црните се блиску до Шампионската титула
Вардар е домаќин на Бутел, црвено-црните се блиску до Шампионската титула

Вардар е домаќин на Бутел, црвено-црните се блиску до Шампионската титула

Последните четири кола од домашната ракометна Супер лига ќе се одиграат во забрзано темпо. Веќе утре, Вардар ќе го одигра 11 коло во плеј-офот, во кое на домашен терен го пречекува тимот на Бутел. Напреварот во „Јане Сандански“ е закажан со почеток во 13-00 часот.

Вардар го претрпе првиот пораз сезонава во Супер лигата, но се уште има најголеми шанси за освојување на Шампионската титула. Иако бевме поразени на дуелот во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер, која се израмни со бројот на освоени бодови, сепак Вардар е подобар во меѓусебниот дуел, па доколку ги добиеме останатите четири натпревари ќе завршиме на првата позиција.

Вардар го победи убедливо Бутел на гостински терен со резултат 26:34, па не би требало да имаат никаков проблем да го надиграат противникот и во С.Ц. Јане Сандански.