Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е единствениот тим кој е без пораз во СЕХА-лигата, после комплетирање на 5.коло
Вардар е единствениот тим кој е без пораз во СЕХА-лигата, после комплетирање на 5.коло

Вардар е единствениот тим кој е без пораз во СЕХА-лигата, после комплетирање на 5.коло

Со натпреварот помеѓу Татран Прешов и Нексе се комплетираше петтото коло во СЕХА-лигата. Шампионот на Словачка успеа да стигне до триумф, против тимот кој е најпријатното изненадување во ова натпреварување на стартот од сезоната. Татран Прешов во текот на целиот меч имаше водство, а интересно немаше ниту едно израмнување на дуелот, а Нексе во еден момент успеа да намали на само еден гол негатива. После четири последователни победи, тоа беше прв пораз за Нексе во СЕХА-лигата. Тоа значи дека Вардар е единствениот тим кој се уште е без пораз во ова натпреварување и со максимален број на освоени боодви.

Како изгледа табелата послед одигрување на 5.коло:

1. Вардар 15

2. ППД Загреб 12

3. Нексе 12

4. Мешков Брест 9

5. Татран Прешов 9

6. Стеауа Букурешт 9

7. Војводина 3

8. Железничар 3

9. Извиѓач 1

10. Металург 1