Thursday ,07 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, Пелистер повторно на „колена“
ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, Пелистер повторно на „колена“

ВАРДАР ГО ОСВОИ КУПОТ, Пелистер повторно на „колена“

Вардар го освои 15.трофеј во националниот Куп, откако вечерва во Кавадарци во големото финале ја победи екипата на Пелистер. Конечниот резултат гласеше 23:22.

Во првите 10 минути се играше гол за гол на двете страни, а голманите Томовски и Секели беа расположени за одбрани. Од 12-18. минута, Вардар го имаше најдобриот период кога направи серија од 4:0 и поведе со 8:4. Дибиров, Талески, Георгиевски и Додиќ постигнуваа голови во овој период. Кога се мислеше дека црвено-црните имаат контрола на играта, Еурофарм Пелистер успеа до крајот на првото полувреме да направи серија од 0:8 и на одмор да замине со резултат 8:12. Вардар не успеа цели 12 минути да постигне гол.

Вардар ја прекина лошата серија, по две минути игра во вториот дел, откако од седум метри погоди Ѓукиќ за намалување на резултатот. Томовски беше добар на голот, стигна и до девет одбрани, додека со голот на Оливие Њокас го намаливме резултатот на 13:16 во 40 минута од ова Куп финале. Екипата на Еурофарм Пелистер одржуваше предност од 4-5 гола и беше поблиску до победата. Вардар прави серија од 3:0 и со голот на Талески намали на 18:20 во 40 минута, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор. Дибиров имаше зицер позиција да намали на еден гол, но Секели се истакна со својата 13 одбрана, додека Обрадовиќ погоди за 18:21. Со нов гол на Филип Талески, Вардар дојде на само еден гол разлика, резултатот беше 20:21 на шест минути пред крајот. Повторно драматична завршница, контра напад за црвено-црните и гол на Дибиров за израмнување на 22:22. Вардар се одбрани најпрво, а потоа со голот на Филип Талески да поведе со 23:22, што е конечен резултат на крајот.

Голем пресврт за Вардар и освоена титула во Купот, сега останува уште да ја одбраниме и круната во домашното првенство. Филип Талески беше најефикасен кај нас со 6 голови, додека Дарко Ѓукиќ имаше пет.