Вардар ја забележа четвртата победа во рамките на Плеј-Офот во домашната Супер Лига. Денес во С.Ц. Јане Сандански се одигра заостанатиот натпревар од 4.коло во кое црвено-црните триумфираа со резултат 25:21.
Вардар во најголем дел од натпреварот имаше предност, иако Бутел даваше силен отпор посебно во првото полувреме, кога на одмор се замина со нерешен резултат 10:10. Вардар тргна со два гола во серија, но Бутел израмни, па следеше период на игра гол за гол, се до моментот кога момците на Дејвис направија серија од 3:0. Сепак до крајот на првиот дел противникот успеа да се врати во игра и на полувреме да замине без негатива.
Вардар не дозволи изненадување, ниту резултатска неизвесност во вториот дел. Со добра игра во период од пет минути се одлепи на четири гола предност и тука го скрши отпорот на противникот, кој немаше сили да го внесе натпреварот во неизвесност. На крајот Вардар триумфира со резултат 25:21.
Куни Моралес беше најефикасен кај Вардар со 7 голови, додека Карапалевски и Талески постигнаа по 4.