Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува кај Татран Прешов, во рамките на 3.коло од СЕХА-лигата
Вардар гостува кај Татран Прешов, во рамките на 3.коло од СЕХА-лигата

Вардар гостува кај Татран Прешов, во рамките на 3.коло од СЕХА-лигата

Денес со почеток од 17:35 часот актуелниот шампион на СЕХА-лигата гостува во Словачка, на екипата на Татран Прешов. Вардарци ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да стигнат до третиот последователен триумф во ова натпреварување.

Денешниот противник после две одиграни кола има половичен успех. Татран Прешов на отварање на новата сезона беше поразен на гостувањето во Букурешт, од новиот дебитант, тимот на Стеауа, додека на вториот дел беа убедливи на гостински терен против екипата на Војводина. За разлика од многу други клубови во СЕХА-Гаспром лигата, Татран Прешов имаше релативно тивко лето. Словаците ја завршија својата работа рано и успеаа да донесат два страшни играчи. Поранешниот играч на Барселона, Мартин Страновски му се придружи на Татран, кој со своето искуство треба да му помогне на Татран во остварување на подобри резултати, како и Титуан Афану Гатине кој дојде од екипата на  ПСЖ. Тренер и понатаму останува поранешниот хрватски селектор, Славко Голужа.

Вардар на овој натпревар нема да може да смета на повредените Стоилов и Горбок, а радува фактот што на мечот со Железничар во составот се вратија Борозан и Карачиќ. И покрај проблемите со составување на играчкиот кадар, црвено-црните се фаворити за освојување на бодовите, иако Татран знае секогаш да биде незгоден противник, пред се кога игра пред својата публика.

Натпреварот можете да го проследите со директен преност на МРТ.