Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Барса во директен “судир“ за првото место во најсилната група А
Вардар и Барса во директен “судир“ за првото место во најсилната група А

Вардар и Барса во директен “судир“ за првото место во најсилната група А

Кој ќе биде на првото место на табелата после одигрување на натпреварот Вардар – Барселона останува да видиме. Денес во С.Ц. Јане Сандански не очекува нов ракометен спектакл на полуфиналистите од минатосезонскиот завршен турнир во Келн. Тогаш во еден возбудлив и неизвесен натпревар, црвено-црните победија со гол во последните пет секунди на Лука Циндриќ, со кој се пласираа во големото финале, кое следниот ден го добија против ПСЖ и на тој начин се “крунисаа“ во нови Европски шампиони. И двата тима имаат големи причини за “одмаздда“. Барса токму за горе споменатиот пораз кој повеќе боли, а Вардар за поразот во полуфиналето на “Супер Глоуб купот“.

Во новата сезона, каталонците ќе влезат со малку поизменет состав за разлика од минатата сезона. Знаеме дека екипата после четири сезони ја напушти капитенот на Македонија, Кирил Лазаров кој заминува во екипата на Нат, која исто така е дел од групата А, каде се натпреваруваат Вардар и Барселона. Шпанскиот гигант најде замена за Кире, а тоа е репрезентативецот на Словенија, Јуре Доленец кој игра на позицијата десен бек и во моментов се наоѓа во одлична форма. Доленец последниве неколку сезони настапуваше за тимот на Монпелје. Иако постоеа гласини за промена на средината пред почетокот на сезоната, тунижанецот, Ваел Жалус се обврза на нов четиригодишен договор со екипата и стави крај на сите шпекулации дека може да замине во друга екипа. Изненадувачки за ракометната јавност беше пензионирањето на Јоан Саубич, кој реши на само 27 години да ја заврши играчката кариера.  Клубот најде експресна замена во името на Јанис Лен, кој дојде од екипата на Селестат.  Исто така и чехот Филип Јиха, кој поради проблеми со повредите реши на 35 години да и стави крај на својата богата кариера. После заминувањето на данскиот пикер, Јеспер Нодесбо, Барселона мораше да најде трет пикер кој ќе им прави друштво во новата сезона на Сорандо и Шипжак, а тоа е играчот на Порто, Алексис Ернандез Боргес. Се уште постои неизвесноста за еден од најдобрите средни бекови во Европа, Арон Палмарсон, според последните информации Барса и Веспрем се договориле за негов премин во каталонскиот клуб за обештетување од 700.000 евра, иако се уште нема никакво официјализирање од страна на двата клуба. Тука се “староседелците„ Ентрериос, Томас, Перес Де Варгас, Жалус, Нгесан и други, кои ја прават Барса повторно да биде еден од најголемите фаворити за освојување на најголемото ракометно натпреварување, а тоа е лигата на шампиони.

Барселона во новата сезона веќе освои два трофеи и тоа оној во шпанскиот супер куп, каде беа подобри од екипата на Натурхаус Ла Риоха и оној во “Супер Глоуб купот“ каде во финалето избраниците на Паскал го совладаа Фуксе Берлин. Знаеме дека претходно Барса во полуфиналето го победи нашиот Вардар. Во првенството се неприкосновени, каде по шест одиграни кола имаат исто толку победи, а последен кој настрада во дуелот со нив беше тимот на Натурхаус Ла Риоха кој убедливо го совладаа на гостински терен.

Во пресрет на денешниот меч и двете екипи имаат по три победи и еден нерешен резултат и се главни претеденти за освојување на првите две места на крајот од групната фаза. Европскиот шампион повторно ќе биде без услугите на Игор Карачиќ, а останатите играчи се на располагање на тренерот Гонзалес. Ова е важен натпревар за Вардарци, кои треба да покажат дека се непобедливи пред своите навивачи и уште еднаш да ја најават својата “кандитатура“ за пласман на завршниот турнир во Келн. Според последните информации Јане Сандаски е распродаден до последното место, мотив повеќе за Вардар да слави триумф на денешниот натпревар, кој е закажан да започне од 17:30 часот.