Екипите на Вардар и Металург ќе одиграат два натпревари, во рок од десеттина дена. Познато е дека на 18-ти август дцете екипи ќе се соочат во рамките на супер купот на Македонија, дуел кој ќе се одигра во Струга на отвореното ракометно игралиште покрај „Женска Плажа“. Ова е втор супер куп во историјата на македонскиот ракомет, а првиот го доби токму Вардар, кој го совлада Еурофарм Работник.
Вардар против Металург ќе се сретне и во првото коло на СЕХА-лигата, со оглед дека принципот на ова натпреварување е на стартот да играат меѓу себе екипите кои доаѓаат од иста земја. Новата сезона во СЕХА-лигата ќе започне на 28 и 29-ти август, а Вардар е актуелен освојувач на ова натпреварување. Познати се веќе девет учесници во СЕХА-лигата, се чека и десеттиот тим со што ќе биде заокружен составот на екипите кои ќе бидат дел од лигата.