Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар и покрај поразот останува лидер во групата Б, во следното коло гостуваме на Европскиот шампион
РК Вардар и покрај поразот останува лидер во групата Б, во следното коло гостуваме на Европскиот шампион

РК Вардар и покрај поразот останува лидер во групата Б, во следното коло гостуваме на Европскиот шампион

Пред нас е веќе осмото коло во лигата на шампиони во машка конкуренција. Изминатиов викенд се одиграа натпреварите во за нас најинтересната група Б. Победи забележаа екипите на Рајн-Некар, Пик Сегед и Киелце, додека Целје и Брест Мешков по втор пат ги поделија бодовите.

Вардарци испуштија голема шанса со победа да се зацврстат на првото место на табелата. Рајн-Некар не изненади во С.Ц. Јане Сандански и ни врати за поразот во Германија. Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, а Вардар беше тимот кој во првиот дел имаше највисоки два гола предност. Тренерот на противникот не изненади со тактиката да играат во напад без голман, што и даде резултат. Шишкарев имаше добра позиција да постигне гол и на полувреме да заминеме со водство. Пречката од голот на Апелгрин беше сојузник на Германците, кои во следниот напад го израмнија резултатот. Со нерешени 15:15 се замина на полувреме.

Рајн-Некар прв постигна гол во вториот дел, по што до крајот на мечот црвено-црните беа во негатива. промашивме неколку удари од добри позиции, а гостите тоа знаеа добро да го казнат. Нивното водство полека растеше, за во еден момент да достигне пет голови разлика. Црвено-црните не се вратија во мечот, а Рајн-Некар продолжија во нападот да играат со играч повеќе, што беше решавачко за конечниот триумф. Вардар неможеше да најде одговор за таквата игра и пропушти шанса да освои нови бодови, кои ќе бевме поблиску до конечната цел. Борозан беше најефикасен во редовите на Вардар со 6 голови, додека кај Рајн-Некар по 7 погодоци постигнаа Ларсен и Реинкинд. 

Европскиот шампион по двата последователни порази почна полека да фаќа ритам, забележувајќи победи на последните два натпревари и тоа против екипата на ППД Загреб. Сепак до бодовите не стигнаа лесно и Загреб повторно им нанасе големи тешкотии. До средината на првото полувреме се играше гол за гол на двете страни и нути една од екипите не успеваше резултатски да се одлепи. Не повеќе од два голови разлика имаа двете екипи. Најпрво Полјаците успеаа за прв пат на мечот да поведат со 9:7, по што следеше тајмаут на тренерот на Загреб, по кој успеаа да направат серија од четири последователни голови и да поведат со 9:11. Ова водство го задржаа до крајот на првиот дел и на одмор заминуваат со минимални 11:12.

Сепак во вториот дел Загреб немаше сили за комплетно добро да одигра 30 минути и Киелце полека но сигурно го зголемуваше водството. Само после десет минути игра во вторио дел успеаа да стигнат до највисоки во тој момент три голови предност, која речиси ја одржуваа до крајот на натпреварот. Потпомогнати од публиката во нивната арена која речиси да беше исполнета, избраниците на Душебаев не дозволија нов неизвесен финиш. На крајот славеа со резултат 29:25. По седум голови во двете екипи постигнаа Агинагалде и Мандалиниќ.

Нов интересен натпревар одиграа екипите на Целје и Брест Мешков кој повторно заврши со поделба на бодовите, овој пат со резултат 36:36. Во текот на целиот меч постоеше резултатска неизвеснот и ниедна од двете екипи не успеваше да поведе со повеќе од три голови разлика. Белорусите спасуваа бод практично во последните пет секунди, откако Целје најпрво успеа да израмни а потоа и со пресечена топка од средината на теренот да псотигне гол преку Блаж Јанц за водство од 36:35. Брест Мешков изведе брз напад, во кој Целје не успеа да направи фаул, гостите се одлучија да играат преку крило и со погодото на Вукиќ да го израмнат резултатот на 36:36 што се покажа и како конечен. Немаше време за Целје за нов напад и сирената означи истек на 60-те минути. Целе ги имаше расположените Јанц и Разгор кои постигнаа по 9 голови, додека кај Брест Украинецот Остроушко постигна 8.

Пик Сегед по втор пат ја победи екипата на Кристијанштад и си ги зголеми шансите за висок пласман во групата. Вицешампионот на Унгарија во текот на целиот меч имаше предност и на крајот повеќе од заслужено го доби мечот. По првото полувреме имаа предност од 20:17, додека конечниот резултат гласеше 33:28. Кај победничкиот тим, Габер постигна 6 гола, додека каj Кристијанштад стрелец на исто толку голови беше Липовац.

Табела во групата Б, после осум одиграни кола:

1. Вардар  12

2. Киелце  12

3. Пик Сегед   11

4. Рајн-Некар  11

5. Брест Мешков  8

6. Целје П.Л.  5

7. Кристијанштад   3

8. ППД Загреб  2

Во следното коло кое е последно за оваа година гостуваме на екипата на Киелце. Натпревар кој ќе се одигра на 04.12 со почеток од 18 часот.