Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор со триумф го стартуваше плеј-аутот, совладан Борец во Велес
Вардар Јуниор со триумф го стартуваше плеј-аутот, совладан Борец во Велес

Вардар Јуниор со триумф го стартуваше плеј-аутот, совладан Борец во Велес

Екипата на Вардар Јуниор со триумф го стартуваше плеј-аутот во Супер лигата, откако во спортската сала „Гемиџии“ беа подобри од екипата на ГРК Борец.

Избраниците на Петрушевски и Манасков подобро го започнаа мечот кога поведоа со 1:3, но домашниот тим успева по втор пат да го израмни резултатот (4:4), што беше и последно на овој натпревар. Вардарци направија серија од 0:3 и се одлепија на водство од 4:7. За момент намали екипата на Борец од 5:7, но црвено-црните направија нова серија од три последователни голови и зголемија на 5:10. Како одминуваше првото полувреме разликата се повеќе растеше, а Вардар Јуниор беше доминантен. Во еден дел имавме позитива од 8:16, додека по истекот на првите 30 минути резултатот беше 9:23 во корист на Вардар Јуниор.

Нашата доминација и зголемување на предноста продолжи и на почетокот од вториот период кога со нови три гола отидовме до тогаш на највисоките 17 гола позитива, поведувајќи со 9:26. Дојде до благо опуштање во нашите редови, предноста беше голема па ни дозволуваше да играме релаксирано во продолжение. Противникот успеа да ни враќа со двојна мерка, на нашите осум гола тие одговорија со шеснаесет и ја намалија предноста на едноцифрена   (25:34). Сепак по ова ние лесно го исконтролиравме дуелот до крај успеавме да одиграме подобро од ривалот и ја зголемивме предноста со која впишавме триумф. Победата дојде до резултат   30:41 на крајот.

Најефикасен во нашиот состав беше Стефан Чакалиќ со 11 голови, додека Александар Нанов постигна 7 голови, додека Јакимовски Дамјан постигна 5 гола.